Стресот како главен ризик фактор кај срцевите заболувањa

Стресот е еден од главните фактори за кардиоваскуларните заболувања. Тој предизвикува лачење на адреналин во високи количини, кој телото не успева да го разгради, па со време се таложи и доведува до оксидација и воспаление на крвните садови – процес што директно ја забрзува атеросклерозата. Кога на тоа ќе се додадат и штетните навики како пушење, неправилна исхрана со шеќери, масти и сол, недостаток на вода, овошје и зеленчук, физичка неактивност и прекумерно консумирање алкохол – сите овие фактори во комбинација, сериозно го нарушуваат кардиоваскуларниот систем, а статистиките покажуваат загрижувачки трендови.